Фолк пејачот испровоциран од младината што слуша кафанска музика на полуматура

Advertisements
adsense

Фолк пејачот Благоја Грујовски се присети на својата полуматура, инспириран од матурските забави овие денови кои на големо е се слават во Скопје. Но, за разлика од тогаш, полуматираните слушаа добра и модерна музика. Денес ечи српска кафанска музика, за која во тоа време, вели Баже, малдината и немала каде да ја слушне, оти на радијата се пуштела одбрани песни.

„ Полуматурска младина (ги слушам веќе 2 саати) пејат во еден глас стари српски кафански рефрени од 70те и 80те години. Ред по редум. Импресивно. На мојата полуматура 1977 ние не сме ги знаеле овие песни. Јас ги дознав после во војска ’81, а ниту нѐ интересирале како генерација. Главни хитови тогаш ни беа Superstition, првите албуми на Дугме, и многу други. Не сме имале абер дека тогаш постоела таква кафанска музика. Немаше интернет, слушавме радио.

Advertisements
adsense

На средни бранови. Некогаш успевав да го уловам Радио Луксембург, ноќе. Радио Скопје пушташе избрана македонска и светска музика. Три Гонга, па Драган Б.Костиќ, па радио Белград исто. Селектирана програма. Ова што децава сега го пејат надвор,во она време се емитуваше главно на радио Александровац, радио Шабац, на вашари и не допирало до нас. Ама допрело до денешниве полуматратни .Интересна трансформација особено последниве 30 години“, вели Грујовскиза Reporter.Mk

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.