Новинарот Зоран Божиновски Буревесник на неговиот фејсбук профил најави дека деновиве ќе замине од Македонија, но иако физички ќе биде отсутен ќе го има на социјалните мрежи. Божиновски во објавата открива и што ќе прави таму.
-ДА НЕ МЕ МИСЛИТЕ
Деновиве ќе заминам со осумчлена екипа во Хрватска. Ќе бидам физички одсутен, ама и натаму онлајн присутен. Ќе работиме таму на брод на кој ми остана срцето и душата во 1989 година. На ,,МИШЕЛ,,.
Се враќам после 33 години на местото каде стекнав работни навики, каде научив дека во бизнис нема емоции, каде прво мораш да сработиш па да заработиш…
Ќе ме читате и натаму, застој во моите објави нема да има. Буревесник само ќе лета и ќе плови од своето матично пристаниште. Се ќе си остане исто, како и да сум овде меѓу вас, помеѓу Битола и Скопје, како последните пет години…, напиша Божиновски.