Аерозагадувањето е еден од главните светски проблеми, кое за жал не ја изоставува и Македонија. И претходно знаевме дека овој проблем постои, но по поставувањето на мерни станици на повеќе локации низ земјава станавме свесни дека тешко дишеме токсичен воздух. Виновници за ваквата состојба на секој чекор: фабрики, домаќинства, масовната градежна експанзија, горењето на отпад, а за жал решение за истото скоро и да нема.
Македонскиот инженер Митре Петковски нуди решение за намалување на штетни издувни гасови, неговиот изум може да реши голем дел од нашите проблеми, а за што станува збор погледнете во видеото што следи.
Ова интервју е дел од проектот „Време е!“, делумно финансиран од Европската унија, преку проектот ЕУ со Тебе. Оваа содржина е одговорност на здружението МЕДИУМ – Скопје и неопходно не ги изразува ставовите на Европската Унија.