Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово.
- Тој се сомничи дека околу 12.00 часот со закана ја земал неговата поранешна 35-годишна девојка од Куманово од домот во кој живеела во Скопје и со возило ја однел во неговиот дом во Куманово и ја задржал спротивно на нејзина волја, информираат од полицијата.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.