Ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, треба да се навикнеме на 22 степени. Секој степен е штедење“ – оваа изјава на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи предизвика лавина реакции кај граѓаните.
Очигледно на Македонците не им се допаѓа некој да им кажува што и како треба, а особено кога тој некој е политичар кој треба да мисли за народот!
Хит реакции ги преплавија социјалните мрежи, а несомнено најинтересна беше онаа на младата Катерина која „фрли“ иронија на целата ситуација.
–
А ова се реакциите на другите граѓани:
-Господине Битиќи ти како избран член на оваа влада и останатите избрани членови се должни на народот да му обезбедат елементарни услови за живот,а не да кажувате, туку да работите и обезбедите услови.
-Вака може и од леб да не одучите ако јадеме три пати сега само еднаш и ке ни останат повеќе пари браво бе за идејата ее што значи да си паметен министер.
-Прво треба да се почне со штедење од вас ,да ви ги намалиме платите на просечна еве нека не е на минимална ама на сите што сте у баграта ,да се зголеми малку буџетов оти отидовмо јабана. Ние простиот народ што редовно ве гласа уште малку ке почнеме паркетот по дома да го палиме за греење.
-По колку оброци на ден да јадиме, колку пати неделно да се капиме? Дно дна сте импровизација од држава, ни ја одравте кожата! А да изгледате едно законче цела влада да зема просечна плата без додатоци и на работа да одите со сопствен превоз.
-Ти дома да си направиш ич да не ти е топло ако си министер на целиот народ тогаш ќе направиш да живееме како луѓе, а не да ми кажуваш како да се греам ека до нас е, ние не штедиме, па затоа ни фали струја во државава и е скапа, а не дека немаме производство поради многу години погрешни политики и немање инвестиции во енергетика, офф мори мајко, што не лажат при отворени очи
-Имам предлог, забранете им на деловните објекти, казината, кладилниците, моловите што имаат екрани и светлечки реклами на сите страни, што и во и вон работно време работат – пр. на ул. Македонија. Нека се изгасат билбордите, нека светат само уличните светилки, па овие 2 степени разлика во домакинствата нема да се осетат. Зашто домакинствата не се само чинители, ајде фирмите нека се покажат општествено одговорни, а не само профитерско настроени.