До крајот на 2022 година ВМРО-ДПМНЕ нема да постои како партија, предупредува Љупчо Палевски во денешната епизода на Тешки муабети, објаснувајќи го процесот што според него ќе се случи за бришење на партијата.
Се согласувам со Мицкоски дека има политички монтирани случаи, но тие не реагираа кога имаше политички монтирани случаи и за други што не се ДПМНЕ, плачат само кога е шампитата во прашање.
Еве ова е предупредување, до крајот на 2022 година ВМРО-ДПМНЕ ќе биде избришана од списокот на политички партии.
Спојот од Талир 2 и Плацеви на Водно ќе доведе до прогласување на партијата за злосторничко здружување, кога ќе ја донесе таа одлука Кривичниот суд, ВМРО-ДПМНЕ ќе престане да постои како партија. И ова е добронамерно предупредување, не сакам да се случи тоа”, вели Палевски.