По посетата на Скопје, Шолц заминува за Софија
Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц ќе пристигне во Скопје на официјална посета на С Македонија.
Како што соопштија од владината прес-служба, канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.
Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.
Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
Шолц од денеска е во дводневна посета на регионот, при што денеска беше во Приштина и Белград.
Мали се шансите посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц да помрдне нешто во бугарско-македонскиот спор и да му го отвори патот на Скопје кон ЕУ, оценува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во денешната анализа што ја пренесува Дојче Веле.