Битиќи: На сите нас не чека тешка зима…

Advertisements
adsense

Ние мораме да бидеме внимателни, сите мерки кои се преземаат треба да бидат адекватни и возможни во еден временски период. Ние имавме и намалување на даночни стапки и за производи и за горива и за енергенси. Мора да се направи баланс што во тој момент е возможно, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања во денешното гостување за Утрински брифинг.

Вицепремиерот додава дека претстои тешка зима поради тоа што војната во Украина се уште не е стивната и дека сите мерки коишто се преземаат треба да бидат прилагодени на одреден временски период.

Кога водиш Влада мораш да си свесен што се случува затоа што секоја една мерка може да има последователни негативни ефекти на друга страна. Штом се изгласа ребалансот ќе бидат новите мерки во сила, вели Битиќи.

Advertisements
adsense

Битиќи апелираше на одговорност од сите чинители, потсетувајќи на одолговлекувањата на опозицијата во Собранието.

-Тоа што го најавуваме одредено време дека ќе има тешка година, тешка зима а јас кажав дека тоа може да биде и почетокот на следната година. Мораме сите да сме свесни дека ни претстои тежок период. Тежок период затоа што очигедно е дека војната во Украина не стивнува, последиците од војната се далекосежни. Вчера имавме комисија за економски систем скоро 3 програми во МЗШВ кои треба да интервенираат во земјоделие преку интервентниот фонд не можат да поминат затоа што ребалансот не е поминат, рече Битиќи.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.