Вселенскиот патријарх Вартоломеј на архиепископот Стефан му подари комплет архиепископски панагии

Advertisements
adsense

Овој дар се смета за уште едно признание на големото архиепископско достоинство на архиепископот Стефан и огромната почит која патријархот Вартоломеј ја негува кон нашата Света Охридска Архиепископија

Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Северна Македонија, му подари Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан.

По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат после повеќе од два века вселенски патријарх сослужува со охридски архиепископ, патријархот Вартоломеј му го врачи подарокот на архиепископот Стефан, кој ја изрази верноста и надежта во застапништвото и просветлението на вселенскиот патријарх во врска со решавањето на конечниот статус на нашата Црква.

Advertisements
adsense

Овој дар се смета за уште едно признание на големото архиепископско достоинство на архиепископот Стефан и огромната почит која патријархот Вартоломеј ја негува кон нашата Света Охридска Архиепископија.

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.