Работници во Македонија почнаа да се бараат и преку Огласи на Билборди…

Advertisements
adsense

Интернационална компанија, „Вабтек МЗТ“ која се смета за лидер во производството на сопирачки системи за шински возила, а која има фабрика во скопска Гази Баба, преку оглас на билборди на главните раскрсници низ Скопје бара работнци. Се бараат оператори на ЦНЦ машини, монтери, бојадиувачи и инженери.

Од компанијата се одлучиле на ваков чекор затоа што долго време имаат отворени работни позиции што никако не можат да ги пополнат. За нивните маки за потрага на работници, како и за тоа колкава плата нудат, побаравме став и од компанијата, за што ветија одговор, кој го очекуваме.

На сајтот вработување.ком.мк, во моментов може да се види дека голем број на компании бараат токму вакви профили: оператори на машини, заварувачи, инженери… за своите производствени процеси. Страницата автоматски генерира просечна плата која се нуди во секторот „Производство и занаетчиство“ и таа изнесува 24.798 денари.

Advertisements
adsense

Работодавачите од сите сектори се жалат дека немаат работници. Од текстилните компании изјавија дека не примаат нови нарачки затоа што нема кој да шие. Нагласени проблеми има и во хотелиерството и во угостителството, каде што, според разговорите што ги водевме со угостителите, се прифаќаат дури и кадри кои не се обучни за оваа професија, а се форсираат и „шведски маси“ затоа што нема кој да ги служи гостите.

Просечната плата во Македонија, според последните податоци, а кои се однесуваат за март е 31.080 денари. И со ваква просечна плата, Македонија се уште е на дното по примања во регионот, а недостиг на работници има во сите околни држави, но и во развените богати земји , како што е Германија, па многу наши граѓани заминуваат на печалба во странство.

слободен печат

Advertisements
adsense

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.